За Доминик Ливаковиќ повеќе нема место во Фенербахче, а и покрај тоа што турскиот тим долго чека да се ослободи од одговорностите кон хрватскиот голман за сега нема заинтересиран тим.
Сепак тоа наскоро би можело да се промени и репрезентативецот на поранешната југословенска држава да заигра во едно од најсилните фудбалски првенства – Премиерлигата.
Имено, според турските медиуми интерес за ангажман на Ливаковиќ покажал Нотингем Форест каде тренерот Нуно Еспирито Санто сака конкуренција за првиот избор Матц Селс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

