Од Манчестер во Атина, во дресот на АЕК. Тоа е патот на Антоан Марсијал ова лето. 28-годишниот Французин долго време бараше клуб, и на крајот ќе ја оживува кариерата во соседна Грција.
За да биде изненадувањето поголемо, неговиот договор со АЕК е на три години, иако се шпекулираше за едногодишна соработка.
„Многу сум среќен, ова е можност за мене да дадам се од себе и да носам радости и трофеи на тимот“, рече Марсијал.
Марсијал играше во Манчестер Јунајтед, кој потроши 60 милиони евра да го доведе во своите редови од тимот на Монако. Играше девет години на „Олд Трафорд“.
За Франција има 30 настапи и два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА