Саша Обрадовиќ наскоро би можел да го напушти Монако. И покрај освоеното трето место во Евролигата раководството на тимот не е задоволно од српскиот стратег па ова лето се очекуваат промени во „Кнежевството“.
Сезоната за Монако се уште не е завршена, пред евролигашот е плеј-оф серијата во француското првенство против Бург, но без разлика на успехот, а и тригодишниот договор кој 54-годишникот го потпиша во 2022 година се очекува неговото место да го замени Чави Пасквал.
Покрај Шпанецот кој воедно е и мета на Ефес, на листата на посакувани тренери се наоѓа и Андреја Трикијери кој ќе замине од Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА