Изненадување на баскет-турнирот: Србија остана без полуфинале

Србија остана без планиран медал на ОИ во Париз откако селекцијата во баскет три на три не успеа да се пласира во разврската за медали на ова големо натпреварување.

Србите како актуелни светски прваци важеа за фаворити за златото во Париз, но целосно потфрлија во последните денови. Првата шанса за полуфинале ја пропуштија попладнево кога за ривал ја имаа Литванија. Нашиот северен сосед на две и пол минути до крајот имаше водство од 18-14, но потоа дојде до огромен пад и пресврт во корист на Литванците, кои триумфираа со 18-21.

Србија имаше шанса за поправен вечерва против домаќинот Франција, но наместо рехабилитација следеше ново слабо издание, пораз од 19-22, што значеше и дефинитивна елиминација на српските баскет-мајстори од овие Олимписки Игри.

Се вчитува...