Изненадување на „Емирати“: Артета се откажува од стандарден првотимец

Арсенал планира до крајот на преодниот рок да заработи 100 милиони фунти, пренесува „Дејли Мејл“. На овој начин „точиите“ се надеваат дека ќе успеат да надополнат дел од парите кои ги платија за засилувања ова лето, носејќи ги пред се Деклан Рајс и Каи Хаверц.

Рајс го направи вториот најскап трансфер во Премиерлигата во износ од 116 милиони евра. Тимот од Лондон се надева дека ќе оствари протфит со продажба на двајца играчи.

Арсенал сака да добие 50 милиони фунти за нивниот талент Флорен Балогун, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Франција. Медиумите пишуваа дека има интерес за него и од Англија и од Европа.

Големо изненадување преставува фактот што Микел Артета е подготвен да го стави на продажба стоперот Габриел Магаланес. Габриел беше еден од столбовите во одбраната минатата сезона. Меѓутоа во оваа тоа не е случај, со што се појавија шпекуалции дека Артета ќе се откаже од него, доколку добијат добра понуда.

Се вчитува...