Изненадување на Караско и „бомба“ на Лукаку за 2-0 против Франција на полувремето (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија е на прагот да стигне до финалето на Лигата на нации откако по 45. минути игра на „Алијанз Стадиум“ во Торино има водство од 2-0 против Франција.

Белгијците до првиот гол стигнаа во 37. минута преку Караско кој го изненади Иго Лорис па голманот на Франција само ја проследи топката како влегува во мрежата, а вториот гол беше ремек дело на Ромелу Лукаку кој четири минути подоцна одлично се снајде во шестнаесетникот и со „бомба“ го совлада Лорис.

Головите на белгиската репрезентација можете да ги видите ТУКА и ТУКА.

Се вчитува...