Изненадување: Наполи преговара со Нагелсман

Разделбата меѓу Наполи и Лучијано Спалети не е официјализирана, но станува се поизвесна откако беше обелоденето дека претседателот Аурелио де Лаурентис веќе разговарал со неколку стратези кои се во комбинација за нов тренер за наредната сезона.

Антонио Конте делува заинтересирано за оваа функција, но трофејниот стратег бара и висока плата, но и голем буџет за засилувања. Поради тоа, „наполитанците“ разгледуваат уште неколку опции, а една од нив е екс-тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман. Весникот „Кориере дело спорт“ во своето денешно издание открива дека Лаурентис веќе имал средба со агентот на младиот стручњак, кому му е интересна идејата повторно да води тим со највисоки амбиции, исто така да се биде дел од Лигата на шампионите.

Начелно, кај двете страни постои сериозен интерес за соработка, а за наредните денови се најавува средба на Де Лаурентис директно со Нагелсман, по што би станал појасно какви се шансите Германецот да дојде во Неапол.

Нагелсман неодамна доби отказ од Баерн Минхен, по што баварците се елиминирани од Купот на Германија, од ЛШ и се пред губење на трката за титулата во Бундес-лигата. Младиот стручњак беше поврзуван со Челси и со Тотенхем, но ги одби тие две опции, чекајќи ја вистинската понуда.

Се вчитува...