Германскиот првак Баерн Минхен го контактирал тренерот на Фрајбург, Кристијан Стрејх, како можен наследник на Јуп Хејнкес на кормилото на тимот. Хејнкес најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на својата тренерска кариера, а раководството на Баерн Минхен веќе подолг период ја бара неговата замена. Досега како можни наследници се споменуваа Џулијан Нагелсман, актуелниот тренер на Хофенхајм, и Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.
Сепак, „Скај Германија“ објави интересна вест дека челниците на Баерн Минхен имале разговор со Кристијан Стрејх, и тоа токму на препорака на Хејнкес, кој има исклучително високо мислење за стручните квалитети на неговиот колега од Фрајбург. Баварскиот тим токму утре ќе му гостува на Фрајбург во рамките на 25.коло од Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА