Аргентинскиот интернационалец Леандро Паредес, офанзивниот играч на Зенит, е изненадувањето кое се крои на „Сантијаго Бернабеу“ и би можел да пристигне во Реал Мадрид во последниот ден од зимскиот преоден рок. „Кралевите“ се подготвени за него да платат 35 милиони евра и да го испратат Матео Ковачиќ во Санкт Петербург.
Тренерот Зинедин Зидан очигледно не е задоволен од Хрватот и сака да го засили средниот ред, а Паредес би можел да настапува и во Лигата на шампионите, со оглед дека во првиот дел од сезоната со Зенит играше во Лигата на Европа, и беше во група со македонскиот првак Вардар.
До крајот на денот ќе биде актуелна и желбата на „кралскиот клуб“ во своите редови да го доведе Мауро Икарди, напаѓачот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА