Изненадување од Милано: Спалети доаѓа на „Сан Сиро“?

Италијанскиот калчолигаш Милан по само четири кола од новиот шампионат во Серија А размислува за промена на тренерската позиција. Весникот „Тутоспорт“ најавува сензационален расплет и ангажман на Лучијано Спалети, кој е поранешен тренер на Интер, на клупата на Милан.

Раководството на „росонерите“ е незадоволно од работата на Марко Џампаоло, посебно по поразот од Интер (2-0) во градското дерби.

Спалети две години беше на кормилото на Интер, а сега би можел да се врати во Милано, но во „црвено-црниот“ дел од градот. Тој тренерската кариера ја почна во Емполи, а потоа беше и на клупата на Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона, Рома и на Зенит.

Покрај Спалети, во игра за наследник на Џампаоло на клупата на Милан е и Роберто де Церби, стратегот на Сасуоло.

 

Се вчитува...