Возачот на Ферари, Шарл Леклер приреди сензација на Големата награда на Унгарија возејќи најбрз круг во квалификациите завршувајќи со време од 1:15:372.
Ферари имаше проблеми да се пробие во третиот квалификациски круг, но кога Леклер се најде таму успеа да извози перфектен круг на големо изненадување и задоволство на навивачите на италијанскиот тим.
По него ќе стартува двоецот на Мекларен, Осар Пијастри и Ландо Норис по кои следат: Расел, Алонсо, Строл, Бортолето, Ферстапен, Лосон и Хаџар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

