АБА лигашот кој настапува и во Еврокупот, Цедевита Олимпија пред помалку од два месеци стигна до големо засилување анагажирајќи го репрезентативецот на Словенија Клемен Препелич на двомесечен договор, а и покрај тоа што очекувањата беа дека соработката ќе продолжи до крајот на сезоната, денеска беше објавен раскин на договорот.
Искусниот бек забележа просек од 16 поени и 9 асистенции во Еврокупот, односно 14 поени и 8 асистенции во шест настапи во АБА лигата, а беше и клучен за големата победа на љубљанскиот тим над Партизан.
Препелич во богатата кариера настапуваше за Марибор, Хелиос, Олимпија, Банвит, Олденбург, Лимонж, Метрополитанс, Реал Мадрид, Хувентуд и Валенсија.
Негов нов клуб ќе биде турски Галатасарај, со кого одличниот шутер потпиша договор до крајот на оваа сезона.
Cedevita Olimpija will play the reminder of the season without Klemen Prepelič.
Klemen, thank you and good luck! 💚🧡#ZmajevaDruzina pic.twitter.com/kpbA8vcKJI
— Cedevita Olimpija Ljubljana – English (@KKCedOL_EN) December 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА