Изненадување: Репрезентативец на Уругвај беше баран од ПСЖ, Барса и Ливерпул, а оди во Катар

Капитенот на уругвајската репрезентација до 20 години, Фабрисио Дијаз одлучи да се пресели во Катар. Барселона, Ливерпул и ПСЖ сакаа да го добијат потписот на овој играч, но тој се реши да се пресели во Ал-Гарафа.

Исто така за него беше заинтересиран и Интер, меѓутоа изненадувачки се одлучи најпрво да оди во Катар, иако има само 20 години.

Диаз досега играше за Ливерпул Монтевидео, а игра во средниот ред. Тој важи за еден од најдобрите млади играчи на Уругвај и сите му предвидуваат голема иднина.

Се вчитува...