Изненадување: Селекторот на Австрија седнува на клупата на германски ракометен гигант

Раководството на Фленсбург ја заврши потрагата по нов тренер откако му беше врачен отказ на Данецот Крикау во декември ланската година, а изборот е изненадувачки за многумина.

Како што јавуваат неколку германски медиуми, нов предводник на поранешниот европски првак ќе биде Словенецот Алеш Пајович. Станува збор за стратег што досега нема работено во клуб од самата европска елита, но во последните неколку години со успех ја води репрезентацијата на Австрија.

Токму добрите изданија и константниот напредок на Австријците беа препорака тој да ја добие довербата на раководството на Фленсбург. Неофицијално, постигнат е договор за соработка на две и пол години, а се чека само на официјализација од страна на германскиот клуб.

Се вчитува...