Изненадување: Селта остана непоразена на „Камп ноу“

Барселона загуби нови значајни бодови во трката за титулата во Примера дивизион откако каталонскиот гигант попладнево ремизираше 2-2 на домашен терен против Селта.

Јаго Аспас беше човекот на одлука кај гостите од Виго, со гол и асистенција создавајќи им бројни проблеми на дефанзивците на Барса. Селта дури и прва поведе преку Аспас, но со головите на Меси и на Суарез Барса направи целосен пресврт Каталонците промашија и неколку шанси при 2-1, за казната да стигна на спротивната страна откако Аспас му побегна на Умтити по десната страна, несебично го проигра Макси Гомез, кој во 70. минута со силен удар го матираше Тер Штеген

Барса тргна во офанзива во завршните 20 минути, но Пике, Меси и Алкасер не реаализираа убави шанси, па мечот заврши со конечни 2-2.

Се вчитува...