Изненадување: Шпанците донесоа американски племејкер за Евробаскет 2022

Натурализирањето на странски кошаркари е вообичаен тренд во европската кошарка, но сепак е изненадување кога врвна репрезентација како Шпанија ќе се реши да донесе американски играч, и тоа за плејмејкерската позиција. Токму затоа, со неверување беше прифатена утринската информација дека Шпанците му даде пасош на Лоренцо Браун, за овој кошаркар да настапува за „црвената фурија“ на Евробаскет 2022.

Станува збор за играч со богато искуство, кој во последните години ги бранеше боите на Црвена Звезда, Фенербахче и Уникс Казан, а неодамна потпиша договор за во новата сезона да настапува за Макаби. Во ситуација кога Серхио Родригез се повлече од националниот тим, а Рики Рубио е повреден, селекторот Скариоло инсистираше на странско засилување за плејмејкерската позиција, по што експресно беше завршена работата со Браун.

Секоја репрезентација има право на само еден натурализиран играч во составот, па давањето на пасош на Браун значи и затворање на вратата за Серж Ибака повторно да го облече дреспт на „црвената фурија“ на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...