Симоне Инзаги е наследникот на Антонио Конте на клупата на Интер, информација што ќе биде официјализирана во наредните 48 часа по успешните договори што претседателот Жанг ги имаше со актуелниот стратег на Лацио. Синоќа се шпекулираше дека Инзаги потпишал нов договор со Лацио, но тој ја одбил и последната понуда на Клаудио Лотито, по што влегол во завршна фаза од преговорите со Интер.
Денешните разговори вродија со плод, по што Инзаги ја прифатил понудата за загарантирани две години како тренер на „нероаѕурите“, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.
За испразнетото тренерско место во Лацио најсериозен кандидат сега е Синиша Михајловиќ, кој се подготвува да ја напушти Болоња и да преземе поамбициозен италијански клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА