Серџо Скариоло сосема неочекувано остана без ангажман на клупски план откако прославениот стратег доби отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на Виртус Болоња.
Тој по обврските со шпанската репрезентација на Мундобаскет 2023 се врати на ангажманите во Болоња, но веднаш влезево конфликт со управата, изјавувајќи дека не може да дава гаранција за резултат кога екипата не ја составувал тој, туку директорите. Овој коментар на трофејниот стручњак го налути сопственикот Масимо Занети, па првиот човек на клубот реши да ја прекине соработката со Скариоло.
Заедно со Скариоло отказ доби и неговиот асистент Андреа Дијана, а во соопштението Виртус Болоња објави дека „клубот се разделува од тренерот поради изјавите дадени на 13 септември, со кои се нарушува работната атмосфера и ентузијазмот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА