Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната по што 38-годишниот Хрват ќе биде слободен да одлучува за неговата иднина. Дали тоа ќе биде останување во главниот град на Шпанија, преселба во САД или Саудиска Арабија, или пак изненадувачки трансфер во некој од клубовите во поранешна Југославија ќе биде познато по официјалниот крај на сезоната.
Во Соединетите американски држави за услугите на Модриќ е заинтересиран Интер Мајами, во Саудиска Арабија го бараат повеќето клубови, Динамо Загреб веќе започна кампања за негово враќање на „Максимир“, а изненадувачки во листата на заинтересирани клубови за негов потпис се приклучи и словенечки Цеље, пренесуваат тамошните медиуми.
„Во споредба со великаните кои ова лето ќе го ловат Лука Модриќ, Цеље е мало дете. Но, очигледно амбициозно дете. Шампионската титула е речиси осигурана, а следната цел е Лигата на Шампиони. Очигледно станува збор за фудбалски проект кој нема граници“, пишува словенечки „Спорт Клуб“.
Главен адут за Цеље во преговорите со Модриќ се очекува да биде тренерот Дамир Крзнар, неговиот сонардоник со кој играше заедно пред 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА