Изненадување во Бундеслигата: Унион Берлин го зема скалпот на Лајпциг

Унион Берлин успеа да приреди изненадување во 3. коло од Бундеслигата славејќи на домашен терен над фаворизираниот Лајпциг со 2-1. Добрата игра во првото полувреме донесе предност од два гола по 45. минути игра, а истата беше задржана и во вториот дел и покрај тоа што гостите приредија неизвесен финиш.

Џордан Зибачеу го отвори мечот со гол во 32. минута, а шест минути подоцна мрежата ја затресе и Бекер. Овој резултат остана на семафорот до 83. минута кога Орбан успеа да ја протне топката во мрежата на Ронов, но само да го ублажи поразот.

И по три одиграни натпревари Лајпциг сеуште не знае за победа, додека берлинскиот тим го запиша вториот триумф со кој се искачи на второто место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...