Парма го промовираше романскиот стручњак Кристијан Киву за нов тренер на екипата. Ова е изненадување со оглед дека Киву нема ниту еден ден работно искуство во сениорска категорија.
Романецот по завршување на кариерата беше тренер во младите категории на Интер, од каде дојде во Парма.
Неговите помошници во Парма ќе му бидат Антонио Гаљарди, Анџело Паломбо и Никола Паварини.
Киву во текот на кариерата играше во Интер, Рома, Ајакс, во Универзитатеа Крајова и Решита. Има и 75 настапи за романскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

