Изненадување во Париз: Алкараз елиминиран

Најдобриот светски тенисер во моментов Шпанецот Карлос Алкарез, е елиминиран од АТП турнирот во Париз, Франција од Британецот Камерон Нори, 31-виот на АТП листата.

Шпанецот го доби првиот сет 6-4, и кога се чинеше дека лесно ќе дојде до победа и до пласман во 1/8 финалето, Нори со пресврт успеа да ги добие вториот и третиот сет со 3-6 и 4-6, и да му оневозможи на првиот тенисер да ја освои титулата.

Нори во 1/8 финалето ќе игра со подобриот од мечот Риндеркнех од Франција и Вашеро од Монако. Претходно пласман во 1/8 финалето обезбеди Шелтон, кој го победи Коболи со 2-0 во сетови.

Се вчитува...