Српскиот кошаркар Сташа Стефановиќ, се одлучи да објави пензија со само 24 години, потег со кој ги изненади многумината љубители на кошарката. Момчето се споменуваше за засилување на Партизан, но потврди дека е крај.
Тој во минатото играше за Универзитеот Перџ, а потоа и во Грција во Колосос, па во Мега. Беше блиску и до репрезентацијата кога екс селекторот Саша Ѓорѓевиќ разговарал за да го убедува да игра за Србија, но тоа не се оствари.
„Се одлучив да се пензионирам и да чекам други шанси. Благодарност до моите соиграчи, тренери и навивачи, сите кои ми помогнаа да дојдам до моите цели. Оваа игра ми даде многу во животот“, рече Саша, кој како дете беше и во дресот на Сакраменто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА