Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс ова лето би можел да направи спектакуларен трансфер и да се врати назад на „Стемфорд Бриџ“ каде настапуваше како позајмен играч во 2023 година.
Феликс не беше поврзан со Челси во текот на целото лето, а овој изненадувачки трансфер доаѓа откако пропадна трансферот вреден 40 милиони евра на Саму Омородиан од Атлетико Мадрид што предизвукува проблем и во трансфер амбициите на „јорганџиите“ кои целат на ангажман на Хулијан Алварез, но за реализација на истиот мораат и да продаваат.
Феликс беше миленик на навивачите во сини дресови. Забележа 16 настапи во Премиерлигата постигнувајќи четири голови, а и покрај тоа што Челси имаше опција да го откупи неговиот договор, не се одлучи за овој потег.
Дваесетичетиригодишникот ова лето беше на радарот на уште еден премиерлигаш, Астон Вила каде тренерот Унаи Емери е негов голем симпатизер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА