Изнервирани навивачи ги запалиле автомобилите на играчите (ВИДЕО)

Јасно е дека навивачите во Аргентина се запалени по фудбалот, а тоа го покажува и последниот случај со навивачите на тимот на Алдосиви.

Бесните хулигани на оваа екипа ги запалиле автомобилите на играчите, како и на членовите на стручниот штаб после поразот на аргентинскиот прволгаиш од Годој Круз. Резултатот на крајот беше 2-0, што беше девет лигашки пораз, па сега тимот е претпоследен во првенството.

Изгорените автомобили биле паркирани на клупскиот паркинг во Мар де Плата, на кој играчите дошле пред патот на гостувњето. Биле запалени само неколку минути после завршувањето на натпреварот. Пожарникарите биле брзо повикани, но петмина играчи останале без своите возила кои целосно изгореле во пожарот.

Се вчитува...