Македонската женска А репрезентација утре против Австрија на националната арена „Тодор Проески“ против Австрија ги продолжува натпреварите од квалификациите за Европското првенство.
Селекторот Кирил Изов вели дека подготовките минуваат во најдобар ред и се надева на борба во текот на целиот натпревар иако сме ослабени поради отсуствата на капитенката Наташа Андонова и Романа Трајковска.
„Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел бидејќи не можеме да сметаме на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немеме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе бориме во текот на сите 90 минути и ќе биде убав фудбалски натпревар на националната арена“ – вели селекторот Кирил Изов.
Во нашата група лидер е Австрија со шест бодови (два натпревари), Србија има шест (три натпревари), Франција три (еден натпревар), Македонија три бода од три натпревари и Казахстан е без бодови по три одиграни кола.
Натпреварот се игра од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА