Изов: Грузија е незгоден противник кој во последно време бележи добри резултати

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 25. и 28. февруари.

Нашите фудбалерки вчера официјално ги започнаа подготовките за претстојните дуели против Грузија.

Селекторот на на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов даде своја анализа и коментар за претстојните предизвици

„Нашиот следен противник, репрезентација на Грузија беше во последниот квалификациски циклус, беше дел од дивизијата Ц во рамките на Групата на нации. Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати.  Во овој двомеч очекуваме да се покажеме до добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија.  Ќе ги искористиме овие два контролни натпревари, за да се подготвиме подобро и да видиме кои од повиканите млади фудбалерки би можеле да донесат свежина и поголем квалитет во наредниот циклус на квалификации за Европско првенство 2025 година. Поголемиот дел од нашите фудбалерки сеуште не се во посакуваната натпреварувачка форма и тоа е нормално со оглед на тоа што кај нас сеуште не е започнат пролетниот дел на првенството. Фудбалерките кои играат во странство се веќе во натпреварувачки ритам и се наоѓаат во одлична форма, посебно нашиот капитен Наташа Андонова која игра во врвна форма во својот Леватне во Шпанската прва лига. Атмосферата во селекцијата е одлична. Поскусните фудбалерки како Андонова, Рочи, Мустафа, Коларовска и Максути се одлична поддршка на младите фудбалерки. Во април почнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година, со нетпрение ги очекуваме нашите противници. Верувам дека ке имаме одлични квалификации и ќе постигнеме добри резултати. Се надевам дека ќе го поправиме лошиот впечаток од настапите во првото издание од Лигата на нации“, вели Изов. 

 

 

Се вчитува...