Израел ќе ги пречека Швајцарија и Романија на 15-ти, односно 18-ми ноември во Унгарија во Унгарија. Натпреварите ќе се одиграат на „Панчо Арена“, стадионот на кој игра Академија Пушкаш.
Израелските тимови и репрезентации не можат да ги играат натпреварите дома поради воената состојба, и поради воениот конфликт со Хамас во појасот Газа.
Сите натпревари на изралеските национални тимови беа одложени, а потоа презакажани. Во опција за домаќинство на натпреварите на Израел, биле и Будимпешта и Дебрецен, но од безбедносни причини бил одбран помал град.
Исто така клубовите од оваа земја кои играат во европските купови, мораа да бараат решенија. Макаби Хаифа домашните мечеви во Лигата на Европа ќе ги игра во Ларнака (Кипар), додека Макаби Тел Авив треба да ја пречека Зорја во Лигата на Конференции. И натаму не е познато каде ќе се игра овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА