Шефот на француската дипломатија Стефан Сежурн изјави дека израелската делегација е добредојдена во Франција за Олимписките игри.
Тој го изјави ова по контроверзната изјава на претставник на радикалната левица дека Израелците не треба да доаѓаат. Сежурн, кој престојува во Брисел, каде се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија, рече дека наскоро ќе разговара со својот израелски колега, додавајќи дека изјавата на радикалната левица е „неодговорна и опасна“.
„Во име на Франција сакам да кажам дека израелската делегација е добредојдена во Франција на Олимпијадата. Ќе имам можност тоа да и го повторам на израелската влада“, рече Сежурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА