ЕКИПА во Хаифа,
Владимир Булатовиќ
Македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг во Хаифа по денешното пристигнување во Израел. Селекторот Игор Ангеловски на фудбалерите им ’сервираше’ рекласирачки тренинг, како вовед за официјалната подготовка која ќе следи утревечер, на стадионот „Сами Офер“, каде и ќе се игра дуелот против Израелците на 2.септември.
Вечерва најдобрите македонски фудбалери имаа тренинг на стадионот „Нешер“ и полека се фокусираат на квалификацискиот меч што им претстои. Атмосферата во националниот тим е позитивна и сите очекуваат да се претставиме во добро издание.
[new_royalslider id=”750″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА