Израелски дедо го урна светски рекорд за најстар фудбалер во светот (ФОТО)

73-годишниот Исак Хајик го урна светскиот рекорд за највозрасен фудбалер кој се натпреварувал во професионална конкуренција. Тој беше на голот на екипата на Ирони Ор Јехуда во сите 90 минути во поразот од Макаби Рамат Ган во четвртата израелска фудбалска лига.

Пред натпреварот му беше доделена наградата за Гинисов светски рекорд. Ветеранот-голман наскоро ќе полни 74 години и вели дека е подготвен и за други натпревари.

Уругваецот Роберт Кармона со 53 години претходно го држеше светскиот рекорд, а Јапонецот Казујоши Миура е најстариот фудбалер кој постигнал на официјален натревар.

 

 

 

 

Се вчитува...