Израелската велосипетска екипа „Israel Premier Tech“ најави промена на името, идентитетот и брендирањето откако нејзините членови станаа мета на протести и нереди кои ја загорзија нивната сигурност.
Во текот на трката која неодамна се одржа во Шпанија, пропалестинските протестранти предизвикаа неред поради кој неколку етапи беа скратени, а трката прекината неколку пати.
„Тоа е болен, но неизбежен чекор за одржување на сигурноста на возачите и членовите на тимот и воедно гаранција за опстанување на тимот кој во последните неколку недели беше доведен во опаност“, стои во објавата на тимот на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

