Израелците ја „преслушаа“ Франција, Шпанија доминантно против Кипар

Израел и го нанесе првиот пораз на Франција на Евробаскетот славјеќи со 82-69 во натпревар во кој победникот беше решен во последната четвртина.

По изедначената игра во текот на целиот натпревар Израелците успеаја да го наметнат своето темпо и во нападот и во одбраната па ја добија последната четвртина со 27-13 за вториот триумф во групната фаза.

Со 23 поени и 8 скокови лидер на Израел беше Авдија, додека 17 поени додаде Мадар. Рисашер со 14 поени беше прво име кај Франција.

Шпанија пак немаше проблем да ја потврди фаворитската улога против Кипар забележувајќи победа од 91-47.

Се вчитува...