Дисциплинската комисија на шпанската Ла Лига, му изрече суспензија од два натпревари на бразилското крило на Реал Мадрид Винисиус, поради нападот на Столе Димитриевски. Со тоа, Бразилецот ќе може да игра во Суперкупот на Шпанија.
Со тоа Винисиус нема да игра на натпреварите против Лас Палмас и против Ваљадолид.
Исто така Бразилецот е казнет и со парична казна од 700 евра, додека Реал Мадрид ќе треба да плати 600 евра казна.
Дисциплинската комисија одлучи два натпревари бидејќи нападот на Винисиус врз Димитриевски не бил напад, туку насилен чин. Бидејќи се работи за ситна грешка, тоа нема да влијае на полуфиналето на супер-Купот против Мајорка, и хипотетички за натпреварот во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА