Двајца навивачи на Мајорка кои на натпреварите против Реал Мадрид и Вилјареал ги навредувале противничките играчи на расна основа добија затворски казни во вкупно траење од една година, и плус дополнителна забрана од по три години за влез на стадионите во Шпанија.
Секој од нив ќе добие по шест месеци затворска казна пресуди судот во Палма, осуда која е донесена врз основа на новиот закон кој пропишува строги затворски казни за овој тип на испади во шпанскиот фудбал.
Двајцата спомнати навивачи ги навредуваа Бразилецот Винисиус од Реал и Нигериецот Самуел Чуквуезе од Вилјареал. Двата натпревари беа одиграни на стадионот на Мајорка во февруари оваа година.
Навивачите се осудени поради „злочин од морален интегритет со отежителна околност дискриминација од расистички причини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА