На 23-ти декември од 19 часот, Филхармонијата ги отвори вратите за изведба на еден од најпрочуените бродвејски мјузикли ЕНИ Јуниор, на македонски јазик, кој беше под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, а на настанот беше присутна, неговата сопруга, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска. Кабинетот на Претседателот обезбеди дел од донациските билети, новогодишни пакетчиња за децата – учесници, а коктелот по изведбата беше донација од Баталјонот на Воената Полиција на Армијата на Република Северна Македонија.
Она што го направи овој настан уште поспектакуларен е детската енергија проткаена во ликовите на Ени, господин Ворбакс, госпоѓа Хениген, Грејс Фарел, изведени од учениците од основните и средните училишта од Скопје и околината, и тоа Неда Димкова, Симеон Коруноски, Магдалена Алексовска,Лара Иванова, како и ансамблот на хорот Креативо.
Крео-Аксис, Здружението на граѓани за инклузивно и неформално образование и развој, кое всушност е организаторот на овој проект, го изготви првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци на македонски јазик кој од една страна ја раскажува приказната за малото сираче Ени и претставува апел за поддршка на сите дечиња кои живеат во домовите за згрижување на деца без родители, а од друга страна ја опфаќа и хуманоста на семејствата кои згрижуваат, на старателите, на малите групни домови, како и на сите добронамерници кои поведуваат грижа за дечињата без родителска грижа.
Составен ден од бродвејскиот мјузикл Ени Јуниор на македонски јазик беа и двата проекта: „Подари карта за другарче” и „Подари книга за другарче”. 139 дечиња од СОС Детско село, Домовите за деца 25-ти Мај и 11-ти Октомври, како и од здруженијата „Дајте ни крилја” и „Проект Среќа” уживаа во изведбата на Ени Јуниор, благодарение на сите хумани луѓе кои им донираа карти, а значителниот број собрани донациски книги на денот на настанот во деновите што следат ќе бидат поеднакво распределени и донирани во споменатите установи и здруженија. Исто така, Крео-Аксис ќе донира инструменти за учениците од бесплатното музичкото училиште за деца од социјален ризик, „Гитари, дирки и свирки” – при здружението „Проект Среќа”.
Во текот на месец Јануари 2020 година, Здружението на граѓани за инклузивно и неформално образование и развој, Крео-Аксис од Скопје ќе распише уписи за следниот лиценциран бродвејски мјузикл на македонски јазик, каде децата покрај пеењето, глумата и танцот ќе бидат поттикати активно да се вклучат во комплетната подготовка на мјузиклот – „Од скрипта до сцена”, што подразбира превод, препев, дизајн и изработка на костими, сценографија и реквизити, сценска игра, кореографија, пеење презентациски вештини и јавен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА