Изведуваа слободни удари пред Меси, а каде се сега?

Лионел Меси на дуелот со Валјадолид стигна до 50. погодок од слободен удар во кариерата, што го прави Аргентинецот единствен фудбалер кој успеал да стигне до оваа импресивна бројка со погодоци од ваква ситуација. Сепак, поранешниот младинец на Барселона, Роџер Џирибет, кој своевремено играше со Меси во „Ла Масија“, откри дека Лео долги години воопшто не изведувал слободни удари бидејќи во тимот имало двајца кои биле многу подобри од него.

„Виктор Васкез беше неверојатен во изведувањето слободни удари, ако требаше да шутира некој со левата нога тогаш Васкез го пушташе Хуанчо Клауси. Меси речиси никогаш немаше шанса да се докаже од вакви ситуации“ – открива Џирибет.

Васкез е шест месеци повозрасен од Меси, но не остави посериозна трага во првиот тим на Барселона. Одигра само три средби, успеа да постигне и еден гол (во ЛШ против Рубин Казан), по што во 2011 година замина во Бриж. Потоа играше уште и за Торонто, Круз Азул и Ал Араби, а моментно е дел од катарскиот клуб Ум Салал.

Што се однесува до Клауси, тој никогаш не стигна до професионално ниво. Не му беше понуден договор, па ги напушти јуниорите на Барселона и замина во Катароха, кариерата минувајќи ја носејќи дресови на бројни нисколигаши. Моментно е член на третолигашот Патерна.

Се вчитува...