„Извини Реал Мадрид, што јас гледав НБА додека мојот тим за малку ќе испаднеше од Копа дел реј“

Орелиен Чуамени беше платен 100 милиони евра за да биде следната голема ѕвезда на Реал Мадрид, но францускиот ас се најде на удар на навивачите поради непрофесионалното однесување.

Имено, приврзаниците на „кралевите“ беа бесни откако Французинот минатата ноќ ја мина во Париз, гледајќи НБА-меч меѓу Чикаго и Детроит, додека неговиот тим се бореше и едвај обезбеди пласман во следната фаза од Копа дел реј со голем пресврт и триумф над Вилјареал.

Чуамени е повреден, но Реал има стриктна клупска политика со која е предвидено играчите кои нема да бидат во тимот од било која причина, сепак да патуваат со остатокот од екипата за да дадат поддршка од трибините. Французинот не само што не го стори тоа, туку одлета за татковината, по што беше жестоко критикуван, па мораше и јавно да се извини преку социјалните мрежи.

„Се извинувам на мојот клуб, на стручниот штаб, соиграчите и на навивачите, што во времето кога игравме многу важна средба јас бев на друг евент. Цело време следев што се случува во Вилјареал, но во секој случај донесов погрешна одлука. Многу ми е жал поради тоа“, порача Чуамени.

На потег е управата на „кралевите“, која речиси сигурно ќе му изрече казна на скапото засилувањеѐ.

Се вчитува...