Манчестер Јунајтед нема да стигне до посакуваното засилување за новата сезона бидејќи стоперот Глеисон Бремер официјално го продолжи договорот со Јувентус до 2029 година.
Дваесетиседумгодишникот влезе во преден план по повредата на Лени Јоро, но Бразилецот нема намера да се пресели на „Олд Трафорд“. Тој е задоволен од условите кои ги има во Торино, како што вели самиот настапува со силно првенство за славен клуб и сака да остане во Италија и во годините кои следат.
Новиот договор со „старата дама“ ќе му донесе и поголема месечна плата, а и нова откупна клаузула во договорот поголема од сегашната која изнесува 60 милиони евра.
Овие вести се очекува да го приморат раководството на Манчестер Јунајтед потполно да се препушти во преговорите со Баерн Минхен за ангажман на Матијас де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА