Извлечени двојките за 1/8 финалето од Купот: Вардар го чека освојувачот Тиквеш, дуел на двете Шкендии

Денеска беа извлечени двојките од 1/8 финалето на Купот на Македонија. Освојувачот Тиквеш го доби за ривал скопски Вардар, како „реванш“ за поразот во првенството пред неколку недели кој предизвика многу контроверзии во Кавадарци.

Освен тој дуел, и мечевите Брера – Беса и Силекс – Шкупи се прволигашки, додека останатите добија второлигашки противници. Шкендија Тетово доби „џекпот“, откако за противник ја доби Шкендија Арачиново.

Куп на Македонија 1/8 финале:

БРЕРА  – БЕСА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ
ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА Арачиново
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКУПИ 1927
АРЕСИМИ – ВОСКА СПОРТ

Натпреварите се играат на 23. октомври 2024. во 14:00 часот.

Се вчитува...