Извонреден меч на Андреј Шошкиќ во НЦАА: 20 поени и кош во финишот за триумф на Стони Брук!

Андреј Шошкиќ забележа извонреден натпревар во победата на својот Стони Брук Сивулфс синоќа во НЦАА лигата во САД.

Шошкиќ запиша 20 поени за својот тим, притоа и со поени во последните секунди запечатувајќи ја победата од 76-71 за Стони Брук против второпласираната екипа во лигата, Хофстра.

Еден од најталентираните македонски кошаркари беше најдобриот поединец во својот тим со 32 минути одигра на паркетот на плејмејкерската позиција. Како дополнение на тие 20 поени, имаше и четири скока и три асистенции, притоа одлично водејќи го својот тим до победата. На осум секунди пред крајот ги постигна и последните поени за домашните за конечна победа.

Со овој триумф Стони Брук се искачи на седмата позиција во Атлетик конференцијата со ефект од 10 победи и 9 порази.

Се вчитува...