Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на силниот меѓународен ВТА турнир вреден 80.000 долари во Визбаден, Германија.
Ѓорческа во осминафиналето во извонреден меч убедливо славеше против четвртата носителка Марина Мелникова (189. место на ВТА листата) од Русија, во два сета со 6-3 и 7-5.
Македонската тенисерка, која е 327-мо рангирана на ВТА листата, во четвртфиналето ќе игра против осмата носителка, Федерика Ди Сара од Италија, која е на 210. место на ВТА ранг листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

