ИЗВОНРЕДЕН УСПЕХ: Михајловски во финале на Светското првенство во кик-бокс! (ФОТО)

Извонреден успех на македонскиот кикбоксер Стефан Михајловски кој се пласираше во финалето на Светското првенство во Абу Даби, ОАЕ, и со тоа обезбеди најмалку сребро меѓу најдобрите кикбоксери во светот.

Михајловски, во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 94 килограми, денеска во полуфиналето на шампионатот го победи со 3-0 Словенецот Блаж Поточник и си обезбеди борба за злато.

Во финале во Абу Даби, Михајловски ќе се бори против Рафал Гасчак од Полска.

Вториот Македонец во полуфиналните борби, Силвио Мировски иако беше подобар во борбата против Богдан Ситник од Украина загуби и останува со бронза од првенството.

Претходно, како што е познато, бронзен медал од СП обезбеди и Бобан Илиоски.

Се вчитува...