Интер и Наполи ремизираа (2-2) во големата дерби пресметка на 20. коло од Серија А во Милано.
„Нераѕурите“ во два наврати имаа предност, но „наполитанците“ на крај заслужено стигнаа до бод. А, повеќе од голема улога во ремито на гостите имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој одигра одличен натпревар, издвојувајќи се како еден од најдобрите во двата тима на мечот.
Елмас извонредно асистираше за израмнувачкиот гол на Наполи за 1-1 во 26. минута, кога одлично го проигра МекТоминеј пред голот на домашните за израмнување.
Претходно, Интер поведе уште во 9. минута со голот на Димарко.
По израмнувањето, Интер повторно поведе со 2-1, со голот од пенал на Чалханоглу во 73. минута. Револтиран од целокупната ситуација со досудениот пенал, исклучување заработи и тренерот на Наполи, Антонио Конте.
Во 81. минута, МекТоминеј со својот втор гол ги постави конечните 2-2.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

