Извонредна забава на ноќната трка како најава за „Охрид трчаТ 2018“.. (ФОТО)

Извонредна забава на ноќната трка во нашиот најголем туристички центар како најава за атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2018“ кој треба да се одржи на 3. јуни.

Многу позитивни вибрации, дружење со голем број спортски работници од градот, и сето тоа заокружено со добра музика и забава на градското пристаниште за која се погрижија охридските артисти Dj Dark_M, Dj Jana Slay, групата Lucky Strikes и Dj Regie Rules…

Организаторите на „Охрид трчаТ“ подготвуваат уште многу изненадувања за љубителите на трчањето оваа година на точно две недели до централната манифестација на 3. јуни. Активностите продолжуваат во среда на 23. мај со училишна трка која е поддржана од Европската унија, а ќе биде организирана во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

 

Се вчитува...