Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис на митингот од „Дијамантската лига“ во Стокхолм постави нов најдобар резултат во скок со стап на сите времиња на отворено прескокнувајќи висина од 6,16 метри.
Олимпискиот победник од Токио, 22-годишниот Дуплантис во Стокхолм за еден сантиметар го поправи сопствениот рекорд на отворено поставен во 2020 година во Рим кога го прескокна резултатот кој уште од 1994 година го постави легендарниот Украинец Сергеј Бубка.
Дуплантис е сопственик и на апсолутниот светски рекорд, во март оваа година на Светското првенство во сала во Белград прескокнувајќи 6,20 метри. Во својата колекција веќе има злато од олимписките игри од светското првенство во сала, европските првенства, а му недостасува уште само светската шампионска титула на отворено која ќе се обиде да ја освои на следниот светски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА