Извонредниот Луканоски со „дабл-дабл“ за триумф над Словачка и 17. место на ЕП Б-дивизија

Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, со триумф над Словачка од 65-64 на крај заврши на 17. место на Европското првенство Б-дивизија, во конкуренција на 24 земји учеснички.

Избраниците на Горан Самарџиев, по вчерашната победа над Албанија, сега во натпреварот за 17. место беа подобри и од Словаците.

Во крајно неизвесен натпревар, во кој се водеше израмнета битка, низ драматична завршница Македонија дојде до победата (65-64) и покрај тоа што во последната четвртина влезе со негатива од еден поен.

Предводник на македонската репрезентација до триумфот беше извонредниот Луканоски кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ од 19 поени и неверојатни 19 скока. Со 14 поени заврши Павел Иванов, а Димитар Зетов мечот го заврши со 10 постигнати поени.

Се вчитува...