Извонредниот Мијатовиќ го однесе Куманово во полуфиналето од БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово обезбедија директен пласман во полуфиналето на регионалната БИБЛ лига, откако во претпоследниот натпревар од втората фаза извојуваа победа против косовскиот Пеќ пред своите навивачи со 80-76 (22-12,17-20,19-18,22-26)

На кумановци им беше неопходна победа за да го обезбедат првото место во Групата Д, и успеаја во тоа, стигнувајќи во петтиот натпревар од втората фаза и до четвртата победа.

Избраниците на Марјан Србиноски дека се цврсто решени да стигнат до триумф против Пеќ, кој е предводен од Александар Тодоров, најавија уште во првиот период од играта кој го добија со десет поени разлика. Во продолжението противниците заиграа далеку поцврсто во одбраната, воспоставувајќи рамноправност на паркетот, да мечот во вториот дел течеше низ постојана неизвесност. Куманово одржуваше предност од шест до осум поени, за да на крајот се заокружи на 80-76.

Данило Мијатовиќ беше најдобриот поединец на кумановци кој мечот го заврши со 31 поен и 11 скока, водејќи го својот тим до полуфиналето од БИБЛ лигата. Со 10 поени мечот го завршија Радослав Пековиќ и Караџовски, а по 8 поени постигнаа Караколев и Миладин Пековиќ. Во поразениот тим најефикасен беше Весели со 28 постигнати поени.

Се вчитува...