Нова одлична партија на натурализираниот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс во Евролигата.
Париз славеше со 84-93 на гостувањето против Анадолу Ефес среде Истанбул во 11. коло од најквалитетното европско клупско натпреварување, благодарение само на извонредниот Шортс кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен и 10 асистенции, а имаше и два скока.
Американецот Малком го следеше во победничкиот тим со 15 поени, а Поирие со 15 поени беше најефакасен кај Анадолу Ефес.
Парис сега е со феноменалени осум победи во Евролигата, пробивајќи се на втората позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА