Вечерашниот натпревар помеѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и на Литванија кој се игра во Кале, го следи и извршниот директор на ФИБА-Европа, Камил Новак.
Еден од водечките луѓе на европската зона на ФИБА, го следи дуелот на старите познаници од кошаркарскиот терен, во друштво на претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски.
Салата во „Кале“ е добро исполнета за вечерашниот меч. Македонските кошаркари имаат негатива од 17 поени на полувремето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА